а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сублимација

мн. сублимации
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 20890
1. Преминување на тврдите тела во гасовити и со ладење и одново враќање во тврда состојба.
Англиски: sublimation
Употреба: Хемија
2. Во психоанализата - пренасочување на некои инстинктивни, нагонски, обично општествено неприфатливи дејности, кон друга дејност, општествено прифатлива, којашто може да ги задоволи примарните побуди (на пр. пренасочување на некоја деструктивна дејност кон занимавање со спорт, уметност и сл.).
Англиски: sublimation
Примери:
Сублимација на еротскиот нагон во творештвото.
3. Воздигање, претворање во нешто возвишено.
Англиски: sublimation
Употреба: Преносно значење
Примери:
Расказите се сублимација на поетското и прозното дело на авторот.