а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

страв

мн. стравови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 278
Состојба кога човек неочекувано, непредвидливо и брзо е преплашен при непријатна и изменета ситуација која го загрозува животот.
Англиски: fear Српски: страх Албански: frikë Бугарски: страх Грчки: χρώμα
Примери:
Страв и трепет.
Страв ми е.
Нема страв од никого.
Ме фати страв.
Изрази
Страв лозје чува.
Очите на стравот му се мошне големи.
Му го има стравот - многу заплашен.
Мечка страв, мене не страв.
Му го зедов стравот - не се плашам повеќе.
Живи стравови.