а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

стори

сторат; сторил, сторија; сторен, сторено; сторени; (ќе) сторев, (ќе) сторел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 219
1. направи, учини
Англиски: commit Албански: bëj
Употреба: Разговорно
Примери:
Така тие сториле.
Ќе стори сè што сакаш.
Подобро ќе сторите, ако си одите.
(разг.) Ништо лошо не сум сторил.
2. За возраст, за години старост, за време.
Англиски: make Албански: bëj, mbush
Примери:
Колку години стори детево?
Стори веќе година откако го заврши школувањето.
Виново стори веќе пет години.
3. претвори
Англиски: turn Албански: shëndroj
Примери:
Веднаш го стори девојчето ластовица.
4. Помисли нешто за друго или некого за друг.
Англиски: imagine Албански: mu bë, mu duk
Примери:
Те сторив дека си Петко.
Сторив дека чука млекарот.
5. (се стори) Се здобие нешто.
Англиски: obtain Албански: bëj, fitoj
Примери:
Се стори со пари по татковата смрт.
6. (се стори) се претвори, се преобрази
Англиски: turn Албански: shëndroj
Примери:
Тогаш жената се сторила риба.
7. (се стори) се случи
Англиски: happen Албански: ndodh
Употреба: Народна поезија
Примери:
(нар. поез.) Така, брате, тогаш се сторило / и денеска кај се прикажува.
8. (се стори) За зеленчук подготвен за зимница: му дојде време.
Англиски: ripen Албански: bëj, pjek
Примери:
Уште не се сториле краставиците.
(разг.) Краставици сторени!
9. (се стори) се причини
Англиски: seem Албански: duket
Употреба: Безлично
Примери:
Ми се стори.
10. (се стори) живее
Англиски: live Албански: ekzistoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Од тој ден жив не се стори.
Изрази
Стори чест - покаже чест некому.
(разг.) Стори абер - јави некому за нешто.
Стори здраво-живо - се поздрави.
Сенка се стори - многу ослабна.
(разг.) Стори арч - направи трошок.
(разг.) Стори себап - направо добро дело.
(разг.) Стори кабает - згреши.
(разг.) Стори мукает - обрне внимание, поведе сметка.
(разг.) Стори ниет - намисли.
(разг.) Се стори резил - се посрамоти.
(разг.) Пишман се стори - се покајал за нешто.
(разг.) Му стори ишарет - му даде знак.
Прав и пепел да се сторат - клетва.
Отров и пелин да се сторат - клетва.
Крв да ти се стори - благослов по завршен оброк.