а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сто

стоте
Вид збор: Број
Ранг: 2366
1. Бројот и количеството 100.
Англиски: hundred
Употреба: Математика
Примери:
Сто илјади денари.
Сто парчиња.
Пет од (на) сто.
2. За означување на неопределено големо количество: многу, мошне многу.
Англиски: many
Употреба: Разговорно
Примери:
На сто начини тоа може да се постигне.
Има сто причини за тоа.
Сто пати сум ти рекол.
Изрази
(посл.) Сто пари петел, пет гроша крчма
(посл.) Сто стапа по туѓ грб ништо не се.
(разг.) Сто на сто - апсолутно сигурно.