а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сребрен

сребрени
Вид збор: Придавка
Ранг: 2000
1. Кој содржи сребро; кој е направен од сребро, покриен со сребро, посребрен)
Англиски: silver
Примери:
Сребрена руда.
Сребрена жица (жила).
Сребрени лажици.
Сребрени пари.
Сребрени садови.
Сребрен прстен.
Сребрен крст.
Сребрена свадба.
2. Кој прилега на сребро по бојата, блесокот; за коса, брада - побелен.
Англиски: silvery
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сребрени облачиња.
Сребрена роса.
Сребрена коса.
3. За глас, смеа - мелодичен, ѕвонлив.
Англиски: bright
Употреба: Преносно значење
Примери:
А гласот и сребрен како извор ѕвонеше
Сребрени звуци.
Изрази
(зоол.) Сребрена рипка - Atherina pontica.