а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сплетка

сплеткаат; сплеткал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 14672
1. замрси, преплете, заплетка
Англиски: entangle Албански: ngatërroj
Примери:
Ги сплетка конците.
2. Направи сплетка, вовлече некого во некоја сплетка.
Англиски: confuse Албански: ngatërroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ги сплеткал работите.
3. Збуни некого.
Англиски: confuse Албански: ngatërroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тоа ме сплетка, не можев да размислам.
4. (се сплетка) Преплете се едно во друго.
Англиски: entangle Албански: ngatërroj
Примери:
Се сплетка преѓата.
Му се сплеткала помеѓу нозе.
5. (се сплетка) се збрка, се збуни
Англиски: confuse Албански: ngatërroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Пак ќе се сплетка пред него.
6. (се сплетка) Стапи во неодобрена, недозволена љубовна врска.
Англиски: entangle Албански: ngatërroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се сплеткал со некоја распуштеница.
Изрази
Му (ми, ти...) ги сплетка конците - расипе работа, план некому, попречи некого во нешто.
Му (ми, ти...) се сплетка јазикот - почне да пелтечи од збунетост.
Се сплетка работата - тргне некому нешто наопаку, не оди нешто по план.