содржина
  
    
    
  
  
      
          
             мн. содржини
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, женски род
    
    
	    
	      Ранг: 1042
	    
	
    
    
      
          1.
          Она што се наоѓа, што се содржи некаде; она од што се состои нешто. 
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    content
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
				  
  	                përmbajtje
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Ја разгледа содржината на раницата.
	              
	            
	          
	            
	              содржината на шишето
	              
	            
	          
	            
	              Тоа е содржината на неговиот работен ден.
	              
	            
	          
	            
	              внатрешна содржина
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  состојка (ж.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Тоа што се излага некаде, тема, основа; список на наслови во книга, списание и сл.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    table of content
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
				  
  	                përmajtja
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              содржината на пиесата
	              
	            
	          
	            
	              содржината на разговорот
	              
	            
	          
	            
	              Содржината е дадена на крајот од книгата.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          Смисла, суштина на нешто; во филозофијата - основа на појава или процес што ја определува нивната суштина. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Не можеше да најде содржина на животот.
	              
	            
	          
	            
	              Национална по форма, социјалистичка по содржина.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  Спротивно од:
		    
			  облик (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          4.
          Постоење на некоја супстанца во нешто. 
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    content
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
				  
  	                përmbajtje
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Содржината на злато во рудата.
	              
	            
	          
	            
	              Содржина на радиоактивни елементи во воздухот.