а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

содржи

содржат; содржан; содржел; содржеше; содржеа
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1035
1. Држи во себе.
Англиски: contain Албански: përmban
Примери:
Бурето содржи бензин.
Што содржи пакетот?
2. Има, вклучува во себе.
Англиски: contain Албански: përmban
Примери:
Статијата содржи драгоцени податоци.
Зеленчукот содржи различни витамини.
3. (се содржи) Се наоѓа во нешто, влегува во составот на нешто.
Англиски: comprise Албански: përmban
Примери:
Сето тоа се содржи во извештајот.
4. (се содржи) Има удел во бројот.
Англиски: include Албански: përfshin,
Употреба: Математика
Примери:
Се содржи без остаток.