а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

соголи

соголат; соголил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 11842
1. Симне облека од некого или од дел на телото.
Англиски: undress Албански: zhvesh
Примери:
Наредил да го соголат старецот.
Ги соголила пред нив нозете.
2. лиши од лисје
Англиски: strip Албански: rrëmbej
Примери:
Сланата ги соголи дрвјата.
Дувна силен ветер и ги соголи тополите.
3. Отстрани слој што покрива нешто.
Англиски: uncover Албански: zbuloj
Примери:
Со нож ги соголија стеблата.
4. Одземе некому имот, пари, ограби, огули.
Англиски: strip Албански: rrëmbej
Употреба: Преносно значење
Примери:
Давачките го соголија народот.
5. (се соголи) Стане гол, симне облека од некој дел на телото.
Англиски: undress Албански: zhvesh
Примери:
Нејќеше да се соголи пред нив.
6. (се соголи) Се лиши од лисја.
Англиски: strip Албански: rrëmbej
Примери:
Се соголиле гранките.