собрание
мн. собранија
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 4393
1.
Општо заседание на членови на некоја организација, колектив за разгледување извесни прашања; учесниците на такво заседание.
Примери:
Годишно собрание на друштвото.
Собранието ја осуди неговата постапка.
Слично со:
заседание (ср.)
2.
Назив на некои изборни установи.
Примери:
законодавно собрание
уставотворно собрание
3.
Назив на некои органи на државната управа; највисок изборен законодавен орган на државната власт.
Примери:
Градското собрание на Скопје
Собрание на Република Македонија
Народното собрание на СРМ
Слично со:
парламент (м.)
Изведенки
собраниски прид.
собраниски
Што е во врска со собрание.
Пример: собраниска процедура
собраниски
Што е во врска со собрание.
Пример: собраниска процедура