а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

смртност

(едн.) смртноста
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 12044
1. Подложност на смрт.
Англиски: mortality Албански: vdekshmëri
Примери:
Смртноста на луѓето.
2. Количество на смртни случаи во определено време, место, средина и сл.
Англиски: mortality Албански: vdekshmëri
Примери:
Смртноста кај децата.
Смртноста од туберкулоза.
Опаѓање на смртноста.
3. Предизвикување смрт.
Англиски: deadliness Албански: vdekshmëri
Примери:
Смртноста на отровните гасови.