а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

смекне

смекнат; смекнаа; смекнал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 11140
1. Направи помек, поеластичен.
Англиски: soften Албански: zbutë
Примери:
Кремот ќе ја смекне кожата.
2. Направи помалку суров, строг.
Англиски: soften Албански: pagdhendur
Примери:
Му го смекна срцето.
3. Направи помек, попријатен за очи, уши.
Англиски: soften Албански: zbutë
Примери:
Смекне светлина.
4. Претвори тврда согласка во мека, палатализира.
Англиски: weaken Албански: dobësoj
Употреба: Граматика
Примери:
Самогласката „е“ ќе ги смекне согласките „к, г, х“.
5. (се смекне) Стане помек, поеластичен, загуби тврдост.
Англиски: soften Албански: zbut
Примери:
Се смекна кожата.
6. (се смекне) Стане помалку суров, строг.
Англиски: soften Албански: zbut
Примери:
Срцето ќе му се смекне.
7. (се смекне) Стане помек, попријатен за очи, уши.
Англиски: soften Албански: zbut
Примери:
Ќе се смекне звукот.
8. (се смекне) се палатализира
Англиски: weaken Албански: palatizoj
Употреба: Граматика
Примери:
Тврдите согласки се смекнале.