случај
мн. случаи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 209
1.
Тоа што се случило, настан.
Примери:
Изнесе разни случаи од својата практика.
извонредни (необични) случаи
исклучителен случај
(разг.) во краен случај
во најдобар (најлош) случај
во никој (никаков) случај
во секој случај
во случај да...
во спротивен случај
во такви случаи
за секој случај
игра на случајот
несреќен (смртен) случај
по случај ...
тежок случај
2.
удобен, згоден момент
Англиски:
occasion
Албански:
rast i këndshëm
Го искористи случајот.
Немаше случај да се види со него.
редок случај
Слично со:
прилика (ж.)
3.
случајност
Примери:
среќен случај
Го остави на случајот.
Ако дојде по некој случај.
Слично со:
случајност (ж.)