а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

скрати

скратат; скратил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8484
1. Направи нешто да стане кратко или пократко.
Англиски: shorten Албански: shkurtoj
Примери:
Ја скратија работната недела.
Го скративме патот.
Ќе ја скратат постапката.
Ми го скратија написот.
(разг.) Му ги скрати деновите.
Скрати збор (напише само почетната буква или уште некоја друга).
2. Намали, ограничи нешто по количество, број.
Англиски: reduce Албански: reduktoj
Примери:
Тоа ни ги скрати приходите.
Ни го скратија бројот на работниците.
3. Делејќи со некој број изрази во помали броеви.
Англиски: reduce Албански: reduktoj
Употреба: Математика
Примери:
Скрати равенка.
4. (се скрати) Стане кратко или пократко.
Англиски: shorten Албански: shkurtër
Примери:
Патот се скрати за неколку часа.
Се скратија деновите.
5. (се скрати) Се намали по обем, количество.
Англиски: reduce Албански: zvogëloj
Примери:
Расходите значително ни се скратија.
Изрази
Скрати некому - прекине живот, усмрти; Отстрани причина што предизвикува мака, проблем.
(закана) Ќе те скратам за глава.
Скрати малку - не преувеличувај ги работите.