а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

скока

скокаат; скокал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 2099
1. Прави скокови.
Англиски: jump Албански: kërcej
Примери:
Скока во вода.
Скока со залет.
Скока со падобран.
Скока во височина.
2. Се движи со скокање, потскокнува; за предмети - летнува, отскокнува во височина или настрана.
Англиски: hop Албански: kërcej
Примери:
Играа, скокаа по паркетот.
Врапчиња скокаа во дворот.
Скока на една нога.
Скока колата по калдрмата.
3. Се изменува реско.
Англиски: jump Албански: kërcej
Употреба: Преносно значење
Примери:
Скокаат цените.
Скока температурата.
Цената на електричната енергија скока секој месец.
4. се нафрлува
Англиски: jump Албански: hidhet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сите скокаат на него.