а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сиот

сета
Вид збор: Заменка
Ранг: 157
Укажува на целокупноста на одделни предмети, лица, појави; секој, без исклучок.
Англиски: all
Примери:
Донесете ги сите столови.
Тие тврдеа дека сиве години трпеле закани.
Сите ученици се тука.
од сите страни
по сите правила
Сета дружина му ја избија.
сиот народ
Изрази
(разг.) Не е со сиот (ум).