а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

свети

светат, светел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 2364
1. Излачува, пушта светлина некаде, сјае.
Англиски: shine Албански: ndriçim
Примери:
Сонцето свети.
Свеќата свети.
2. Со свеќа, ламба прави да се гледа, осветлува.
Англиски: shine Албански: ndriçon
Примери:
Го зеде фенерот да му свети.
3. За прозорец, отвор - пушта светлина надвор.
Англиски: shine Албански: ndriçon
Примери:
Видов, прозорецот му светеше.
4. За очи, поглед, лице - блескоти, искри, сјае од радост, среќа.
Англиски: shine Албански: shkëlqen
Употреба: Преносно значење
Примери:
Очите ѝ светат.
Колку е среќен, сиот свети.
5. Се одликува со беспрекорна чистота, трепети, сјае.
Англиски: shine Албански: shkëlqen
Употреба: Преносно значење
Примери:
Нејзината куќа секогаш свети од чистота.
6. Стои покрај некого без да учествува во работата.
Примери:
Цел ден ми свети малиов.
7. За вода, масло - осветува со обреди и молитви.
Англиски: consecrate Албански: shenjtëroj
Употреба: Црковен термин
Примери:
Свети вода, масло.
(разг.) Ќе му свети масло.