само
Вид збор: Сврзник
Ранг: 2190
1.
исклучување, изземање, освен
Англиски:
only
Сите дојдоа, само таа не дојде.
Слично со:
освен (сврз.)
2.
но, туку, меѓутоа
Англиски:
but
Речи му, само гледај да не го налутиш.
Учи, само не може да научи.
Слично со:
туку (сврз.)
3.
oграничување предупредување, вршење дејност и покрај неповолен услов, со временско значење
Примери:
Оди, само побрзај да не задоцниш.
Се лекува, само што тоа многу не му помага.
Само што дојде, почна да работи.
4.
Само да + глагол - со значење услов, закана желба, изненадување.
Англиски:
just
Само да дојде, се’ ќе се смири.
5.
Во составот на сврзнички спој на дистанцa со кој се воспоставува основен сооднос на надоврзување, градација.
Не само што не дојде туку и не се јави.