а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сам

самите
Вид збор: Заменка
Ранг: 1410
1. (при именки или лични заменки, обично членувано) За укажување на лице или предмет што непосредно учествува во дејството или се јавува како негов извор или објект.
Англиски: itself Албански: vetë
Примери:
Во текот на самата емисија.
На самиот раб на пропаста.
Почна од самиот себеси.
2. (во самостојна употреба) Место именка или лична заменка.
Англиски: himself Албански: ai vetë
Примери:
Фати самиот да работи.
Сакаше песна, а понекогаш и сам ќе запееше.
3. (при именки или лични заменки) За потцртување на важноста, значењето на некое лице, предмет.
Албански: vetë
Примери:
Самиот Господ ѝ се јавил.
Самиот директор присуствувал на испитот.
На собирот беше и самиот тој.
4. (за укажување на лице или предмет што учествува во дејството) Самостојно, без туѓа помош или мешање; по своја иницијатива, доброволно.
Албански: vetë
Примери:
Сѐ работи сама: сама пере, сама готви, сама чисти.
Сам се удри.
Сам се јави, никој не го тераше.
5. (при именки што означуваат качество, својство) Се јавува со значење: овоплотување, олицетворување.
Англиски: personification Албански: personifikim
Примери:
Ја гледаш ли неа - ја гледаш самата чесност.
Изрази
Сам со себе - означува дека дејството не излегува надвор од субјектот.
Сам од себе - без дејство влијание однадвор, отстрана.
Сам по себе - јасно е, се разбира и сл. без да се објаснува, докажува.
(разг.) Сам-самичок - сосема сам.
Се надмина самиот себеси - направи, постигне повеќе од очекуваното, се покаже поспособен и сл.
Изведенки
1. самичок прид.
самичкиот
2. саменичок прид.
саменичкиот
хип.