роден
родени
Вид збор: Придавка
Ранг: 768
1.
Кој дава плод, род.
Примери:
родна земја
родно дрво
родна година
2.
За куќа, место, земја - во кој е некој роден.
Примери:
неговото родно место
во родниот град
родна грутка
3.
Што се произведува во родината, што е сврзан со родината, со родната земја, со народот.
Примери:
родната индустрија
4.
Што има дарба, наклоност кон нешто.
Примери:
роден поет
родена пијанистка
5.
Што се наоѓа во најблиско крвно родство.
Англиски:
born
роден брат, родена сестра
роден татко, родена мајка
(разг.) роден ден
родено име
Спротивно од:
нероден (прид.)
Изрази
Жив човек од мајка роден - вистински човек, човек на место.
Како од мајка роден - гол.
Книга на родените - книга за матична евиденција на новородените.