ремен
мн. ремени
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4537
1.
Цврста лента од кожа или од некој друг материјал со различни намени, обично служи за пристегнување на облеката кон телото.
Примери:
Си имал убав ремен.
ремен со златна тока
кожен ремен
Слично со:
каиш (м.)
2.
Дел од механиката на автомобил или машини за пренос на сила и вртење од една оска на друга.
Примери:
забест ремен
обичен ремен
плоскаст ремен
3.
Сигурносен појас при возење во автомобил, авион и др.
Примери:
Сигурносниот ремен е задолжителен.
Изрази
(разг.) Стегни го ременот - прибери се!
(разг.) Пушти го ременот - олабави се!
(посл.) Што ти треба од мечка ремен - седи си мирно кога никој не те задева.
Ќе игра ременот - закана, ќе добие ќотек.
Изведенки
ременик м.
мн. ременици
Дел од механиката на автомобил или машини за пренос на сила и вртење од една оска на друга.
мн. ременици
Дел од механиката на автомобил или машини за пренос на сила и вртење од една оска на друга.