а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

реклама

мн. реклами
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3280
1. (само едн.) Мерки што имаат за цел да привлечат купувачи, публика и сл.
Англиски: advertising Албански: reklamë
Употреба: Економија
Примери:
Малу е сторено за рекламата на нашите производи.
2. (само едн.) Распространување на податоци за некого за да добие популарност, популаризирање, препорачување.
Англиски: advertising Албански: reklamat
Употреба: Преносно значење
Примери:
Добар мајстор нема потреба од реклама.
Тоа ќе му биде добра реклама
3. Оглас, плаката со податоци за некого или нешто.
Англиски: advertisement Албански: reklamë
Употреба: Економија
Примери:
Разнобојни реклами.