а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

резерва

мн. резерви
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 5057
1. (обично мн.) Одвишок, нешто што е оставено за случај на потреба.
Англиски: reserve Албански: rezervë
Примери:
резерви во храна
материјални резерви
(прен.) внатрешни резерви
скриени резерви
2. Дел од војската, аналогно и на некоја друга група луѓе, особено на спортски екипи, оставен на располагање во случај на потреба.
Англиски: back-up Албански: rezervë
Примери:
Требаше да се префрлат резервите.
Резерви на главниот штаб.
Игра во резервата.
3. Состав на воени обврзници што се повикуваат во армијата во случај на потреба.
Англиски: reserve Албански: rezervë
Употреба: Воен термин
Примери:
Целата класа беше префрлена во резерва.
4. претпазливост, воздржаност
Англиски: reservation Албански: përmbajtje, rezervë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ова го велам со извесна резерва.
Изрази
Златна резерва - скриен дел од нешто што се чува за итни потреби.
Железна резерва - определен број книги од тиражот што не се издаваат и не се продаваат.