а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

распрсне

распрснат; распрсни, распрснете; распрснав, распрснаа; распрснал; (ќе) распрснев, (ќе) распрснеа; (ќе) распрснел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7736
1. Прсне на разни страни, растури.
Англиски: disperse Албански: shpërndaj
Примери:
Ги распрсна синовите по светот.
2. Направи нешто да се расее, да исчезне.
Англиски: dispel Албански: zhduk
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тоа можеше да му ги распрсне тешките мисли.
3. Направи нешто да се разнесе.
Англиски: dissipate Албански: përhap
Примери:
Само момчето можеше да ги распрсне тие слухови.
4. (се распрсне) експлодира
Англиски: explode Албански: shpërthej
Примери:
Гранатата се распрсна.
5. (се распрсне) се растури, се разбега
Англиски: run away Албански: largohet
Примери:
Јунаците од страв се распрснале.
6. (се распрсне) се расее, се разлета
Англиски: dispel Албански: zhduk
Употреба: Преносно значење
Примери:
Мислите ми се распрснаа.