распламти
распламтат; распламте
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 18226
1.
Направи нешто силно да гори.
Англиски:
flare up
Албански:
kall flakë
Ветрот го распламти огнот.
Со дување го распламти огнот.
2.
Засили, поттикне, разгори во некого некое чувство.
Примери:
Ја распламти борбата.
Му ја распламти желбата.
Говорот го охрабри и распламти народот.
Слично со:
поттикне (св.)
3.
(се распламти) Почне силно да гори, да пламти.
Англиски:
flare up
Албански:
kallet flakë
Се распламти огнот.
4.
(се распламти) се засили, се разгори
Примери:
Се распламти востанието.
Изведенки
распламтен прид.
распламтениот
Пример: распламтен оган
распламтениот
Пример: распламтен оган