а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

разоткрие

разоткрие, разоткријат; разоткриј, разоткријте; разоткрив, разоткрија; разоткрил; (ќе) разоткриев; (ќе) разоткриеја; (ќе) разоткриел; разоткриен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9852
1. Открие докрај нешто покриено.
Англиски: uncover
Примери:
Го разоткри детето и го натера да стане.
2. Открие, расветли некоја скришна дејност или разјасни нешто неразјаснето.
Англиски: divulge
Примери:
Тој ги разоткри нелегалните работи.
Инспекцијата ја разоткри трговијата со оружје.
3. (се разоткрие) Симне прекривка, облека од себе.
Англиски: uncover, unveil
Примери:
Девојчето се разоткри и стана од постелата.
Таа го симна превезот и се разоткри пред гостите.
4. (се разоткрие) Се појави, се покаже пред некаква глетка, простор.
Англиски: unveil
Употреба: Преносно значење
Примери:
Пред нас се разоткрија зелени полиња.
5. (се разоткрие) Се отвори пред некого, се довери.
Англиски: reveal, confide
Употреба: Преносно значење