разоткрие
разоткрие, разоткријат; разоткриј, разоткријте; разоткрив, разоткрија; разоткрил; (ќе) разоткриев; (ќе) разоткриеја; (ќе) разоткриел; разоткриен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9895
1.
Открие докрај нешто покриено.
Англиски:
uncover
Го разоткри детето и го натера да стане.
2.
Открие, расветли некоја скришна дејност или разјасни нешто неразјаснето.
Англиски:
divulge
Тој ги разоткри нелегалните работи.
Инспекцијата ја разоткри трговијата со оружје.
3.
(се разоткрие) Симне прекривка, облека од себе.
Примери:
Девојчето се разоткри и стана од постелата.
Таа го симна превезот и се разоткри пред гостите.
4.
(се разоткрие) Се појави, се покаже пред некаква глетка, простор.
Примери:
Пред нас се разоткрија зелени полиња.
5.
(се разоткрие) Се отвори пред некого, се довери.