а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

размотка

размоткаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Развие нешто размотано.
Англиски: disentangle
Примери:
Таа ја размотка макарата.
2. Бесцелно шета некого наоколу.
Англиски: wander
Примери:
Марија ја размотка другарка ѝ по продавници.
3. Лаже, мами некого.
Англиски: cheat
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ги размотка родителите со нејзините приказни.
4. (се размотка) се развие, се одмота
Примери:
Макарата се размотка.
5. (се размотка) Се шета бесцелно.
Примери:
Се размоткаа по продавниците во трговскиот центар.
Изведенки
1. размоткува несв.
(се) размоткуваат
2. размоткување ср.
глаг. им.