а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

различи

различат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 24515
1. Распознае некој предмет, појава меѓу други.
Англиски: distinguish Албански: dalloj
Примери:
Не можеше да го различи доброто од злото.
2. Распознае со сетилата нешто.
Англиски: discriminate Албански: diskriminoj
Примери:
Одвај можеше да го различи во таа врева нејзиниот глас.
3. (се различи) Оддели се по своите црти.
Англиски: differ Албански: ndan
Примери:
Не можеше да се различи чесниот од нечесниот.
4. Направи нешто да стане поубаво, поинтересно, побогато.
Англиски: adorn Албански: stolis
Примери:
Китката го различи лицето.
Тоа уште повеќе го различи градот.
5. (се различи) Стане поубав, поинтересен, побогат.
Англиски: embellish Албански: zbukuroj
Примери:
Нешто многу ви се различила момава.