раздвижи
Види и:
движи (несв.)
раздвижат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6305
1.
Почне да движи нешто.
Англиски:
mobilize
Албански:
lëviz, mobilizoj
Не можеше никако да ги раздвижи нозете.
Ја раздвижија машината.
2.
Оттргне од безучество; возбуди, разгранува.
Примери:
Ги раздвижи скриените сили на народот.
Тој сам го раздвижи културниот живот на градот.
Ги раздвижи народните маси.
Страшната вест раздвижи и старо и младо.
Слично со:
возбуди (св.)
3.
(се раздвижи) Почне да се движи.
Англиски:
move
Албански:
fillon të lëviz
Се раздвижија луѓето.