раздаде
Види и:
даде (св.)
раздадат; раздадам; раздај, раздајте; раздадов, раздадовме, раздадоа; раздал; (ќе) раздадев, (ќе) раздадеа; (ќе) раздадел; раздаден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 14496
Даде од нешто на мнозина, распредели меѓу сите, меѓу мнозина.
Англиски:
distribute
Ги раздаде парите на сиромаси.
Ние сѐ раздадовме како на парастос и сѐ уште продаваме.