работи
работат; работам, работиш, работиме; работев, работевме, работеа; работел, работела, работело; работеле; работеше
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 228
1.
Се занимава, врши некоја работа, се труди.
Примери:
Секој мора нешто да работи.
Стар е, не може веќе да работи.
Работи дење и ноќе.
Работи со задоволство.
Работи ударнички.
Работи како мравка (коњ, вол).
Работи над себеси.
Работи на своја рака.
2.
Има некаде некое занимање, на служба е, служи; практикува некаква професија, исполнува некаква должност.
Примери:
Кај работи татко ти?
Работи во пивара.
Татко му работел како ѕидар во Романија.
Работеше мајсторлак.
Работи како претседател на друштвото.
Слично со:
практикува (несв.)
3.
Вложува напори, се стреми, се усовршува, изучува нешто; систематски обучува, воспитува.
Примери:
Работи на своето издигање.
Полни пет години работеше над својата докторска дисертација.
Работи на првиот том на речникот.
Работи со деца, со спортисти.
Слично со:
стреми (несв.)
4.
Дејствува во корист на некого, се труди за друг.
Примери:
Цел живот работеше за нив, за газдите.
Времето работи за него.
Слично со:
дејствува (несв.)
5.
Развива дејност со некаква цел.
Примери:
Во 1941 год. работеше во Македонија илегално.
Слично со:
развива (несв.)
6.
Во процесот на работата користи нешто како помагало, инструмент.
Примери:
Работи со микроскоп.
Работи со речник.
7.
За машини, механизми, инсталации - се наоѓа во дејство; за претпријатијата, установи - се наоѓа во дејство, отворен е за посетители; дејствува на овој или оној начин; за органи на телото - ја исполнува својата задача.
Примери:
Сите мотори работеа добро.
Телефонот не работеше.
Часовникот работи точно.
Фабриката работи во три смени со полн капацитет.
Бањата не работи.
Музејот не работи.
Работи на нафта.
Желудникот добро ми работи.
Срцето одвај му работеше.
Слично со:
функционира (св. и несв.)
9.
изработува, произведува
Примери:
Кој ги работеше овие чевли?
Се гледа дека мајстор ги работел.
Слично со:
продуцира (св. и несв.)
10.
Прави зделки, економски функционира.
Примери:
Претпријатието сега работи добро.
Слично со:
делува (несв.)
11.
(се работи) Се врши нешто.
Примери:
Сега се работи на изградбата на покривот.
12.
(се работи) Насочи, дејствува кон.
Примери:
Се работи за живот.
Се работи за тоа и тоа.
13.
(се работи) - Ми се работи (желба да се врши нешто).
Примери:
Не ми се работи веќе.
Изрази
(посл.) Залудо работи, залудо не седи.
(разг.) Среќата (касметот) му работи.