раб
мн. рабови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 968
1.
Опшиен крај на облека, штоф; место каде што се составени два дела на облека.
Англиски:
seam
Албански:
tegel, buzë petku
Рабовите на чаршафите не беа добро изработени.
Кошулата му беше мошне нечиста, особено по рабовите.
2.
Линија добиена со допирање на две површини под агол.
Примери:
Ги гледаше високите буки наредени по работ на чистинката.
На работ на тротоарот.
На работ на пропаста.
3.
Човек предан на бога, слуга божји.
Примери:
Раб божји.