пукот
мн. пукоти
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 6376
1.
Звук што се слуша при пукање од огнено оружје.
Англиски:
shooting
Албански:
krismë, gjuajtje
Се слушнаа еден или два пукота во ноќта.
Пукот од пушки и митралези.
Од првиот пукот загинале двајца.
Слично со:
пукотница (ж.)
2.
тресок, трескање, трескот, силен шум, врева
Примери:
Пукотот доаѓаше од другата просторија.