а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пука

пукаат; пукаше; пукал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1090
1. При кршење добива пукнатини, проследено со пукот.
Англиски: bang Албански: zhurmë
Примери:
Мразот полека пукаше во средината на езерото.
Земјата пукала од суша.
2. Прави, произведува пукот, специфичен звук.
Англиски: crack Албански: kërcet
Примери:
Во огништето цела ноќ пукаа гламните.
Ударите на камшикот пукаа во воздухот.
3. Стрела со огнено оружје на некого или во некоја цел.
Англиски: fire Албански: zjarr
Примери:
Војската пукаше во голоракиот народ.
Полицајците пукале во воздухот како предупредување.
Во селото пукале пушки цел ден.
4. Експлозивно тело, мина и сл. се распрска со пукот.
Англиски: bang Албански: zhurmë
Примери:
Цела ноќ силно пукаа гранати.
5. Прави движење со прстите (обично со показалецот и средниот прст) предизвикувајќи звук на пукање.
Англиски: crack Албански: plas
Примери:
Пука со прстите.
Си ги пука прстите.
6. Прави пуканки од пченкарни зрна.
Англиски: pop Албански: pëlcet
Употреба: Гастрономија
Примери:
Пуканките пукаа во решетото.
7. Почнува, дојде, се појави нешто - годишно време, природни појави.
Албански: erdh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Надвор силно пукна сонце.
Пукна зората, се разденува.
8. Се распрсне од силен интензитет, од преполнетост и сл.
Англиски: crash Албански: përplasje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Плакарите пукаат од облека.
Презреаните мешунки пукаат на сонцето.
Изрази
Пука / пукне од смеа - многу се смее.
Пука / пукне од јад (од мака) - многу се нервира, се јадосува.
Пука од здравје - многу е здрав.
Камен и дрво пука - многу е студено.
Душава (срцето) ми (ти, му,...) пука (за некого или за нешто) - многу жали за некого или за нешто.
Му (ти, ми,...) пукаат ушите - многу е гладен и брзо и лакомо јаде.
Пука во ветер - пука на празно, напразно прави некоја работа.
Пука на големо - има големи амбиции.
Главата му (ти, ми,...) пука - има силна главоболка.
Главата му (ти, ми,...) пука - има нерешив проблем.
(посл.) Јазик клука глава пука - човекот страда од тоа што е кажано, што се зборува.
Пука / пукне некого - намерно нервира.
Пука од горештина - многу е жешко (за време).
Не пука на врзан зајак - не го посакува тоа што е туѓо, зафатено.
Изведенки
пукање ср.
глаг. им.