а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прототип

мн. прототипи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 10384
1. Основен тип, образец по кој се прават сите наредни.
Англиски: prototype Албански: prototip
Примери:
Прототип на автомобил на електричен погон.
2. Дело или лик кои ги навестиле карактеристичните својства на други дела и ликови.
Англиски: prototype Албански: prototip
Употреба: Литература
3. Личност која послужила како пример во создавањето на некој литературен лик.
Англиски: prototype Албански: prototip
Употреба: Литература
Изведенки
прототипски прид.
прототипскиот
Пример: прототипско возило