а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

протагонист

мн. протагонисти
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 6773
1. Првенец во драма, носител на дејството во литературно дело, драма или филм.
Англиски: protagonist Албански: protagonist
Примери:
Главен протагонист во драмата е насловниот лик.
2. Во античкиот театар - актер што ја играл главната улога.
Англиски: protagonist Албански: protagonist
Употреба: Историја
3. Поборник, главен деец за некоја идеја и сл.
Англиски: protagonist Албански: protagonist
Употреба: Преносно значење
Примери:
Протагонисти на илинденското востание.
Изведенки
1. протагонистка ж.
мн. протагонистки
2. протагонистички прид.
протагонистичкиот