просо
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 10015
1.
Житно растение со плод од ситни, мазни и сјајни зрнца во повеќе бои.
2.
Зрното од ова растение.
Примери:
Земјата повеќе не раѓа просо, тиквите крај реката не се сочни како некогаш а и биволите се сѐ послаби.
Изрази
(посл.) Гладна кокошка просо сонува - кој што си мисли тоа го посакува.
Суши просо на ортома.
Ако се плаши орачот од врапците, не сее просо - ако однапред предвидуваме лоши последици не би требало ни да ја започнеме работата.