промена
мн. промени
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 828
1.
Менување нешто во поинакво.
Примери:
Се чувствува голема промена.
промена на правецот на ветерот
промена на здравствената состојба
политички промени
2.
Заменување, сменување на едно со друго.
Примери:
Промена на маслото во автомобилот.
3.
Морфолошка промена на менливите зборови.
Примери:
именска промена
глаголска промена
Слично со:
флексија (ж.)
4.
нов фустан, нов костум
Примери:
Девојката беше во бела промена.
свадбена промена
празнична промена