а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

про

Вид збор: Префикс
Ранг: 20679
1. Претставка кај глаголите со значење движење низ нешто, помеѓу нешто.
Примери:
пробие, провлече
проглода, прокопа
2. Претставка кај глаголите со значење дејство што се распространува.
Примери:
провери, проврие
проучи, протатне
3. Претставка кај глаголите со значење дејство или движење што се одвива покрај нешто.
Примери:
пројде, пролета
профучи
4. Претставка кај глаголите со значење дејство што се појавува првпат.
Примери:
прооди, прозбори
пропее, процвета
5. Претставка кај глаголите со значење завршено дејство, краен резултат.
Примери:
продаде, пронајде
проколне, прочита
6. Претставка кај глаголите со значење дејство што се извршува во помала мера или недоследно, неточно, непотполно.
Примери:
пробара, прокасне
пророси, прочисти, протрие
7. Претставка кај именките и придавките со значење позитивен однос, приврзаност, наклонетост, симпатија кон тоа што го означува основната именка, придавка.
Англиски: pro
Примери:
пролиберал, просоцијалист, прокомунист
проамерикански, пробугарски, проевропски