а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прирасне

прираснат ; прирасни, прираснете; прираснав, прираснаа; прираснал; (ќе) прираснев, (ќе) прираснеа; (ќе) прираснел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 40845
1. Срасне, се спои со сраснување.
Англиски: grow together Албански: rritet bashk
2. Израсне во помала мера, се наголеми малку.
Англиски: increase Албански: rritet pak
Примери:
Нивото на реката прирасна од поројните дождови.
Бројот ма градското население прирасна поради миграциските движења.
3. (ми, ти, му, ... прирасне) Почувствува приврзаност, почит, љубов спрема некого или нешто, засака.
Англиски: start liking Албански: rritet, mbin
Употреба: Преносно значење
Примери:
На туристите што често ја посетуваат нашата земја им прираснал на срце македонскиот фолклор.
Изведенки
1. прираснува несв.
прираснуваат
2. прираснување ср.
глаг. им.