приврши
привршат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 17414
1.
Приведе кон крај започната работа.
Англиски:
conclude
Албански:
mbaroj, përfundoj
Привршија подготовките за свеченостите.
Мајсторите привршија со малтерисувањето.
Слично со:
заврши (св.)
2.
Потроши скоро до крај храна, резерви и сл.
Англиски:
finish
Албански:
mbaroj, përfundoj
Уште малку, ќе ги привршиме резервите масло.
Привршив со шеќерот.
3.
(се приврши) Се приведе нешто кон крај, се заврши.
Англиски:
finish
Албански:
përfundoj, mbaroj
Се приврши учебната година.
Се приврши дискусијата.
Се приврши полската работа.
Изведенки
1.
привршува несв.
(се) привршуваат
(се) привршуваат
2.
привршување ср.
глаг. им.
глаг. им.