а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

премине

преминат; премини, преминете; преминав, преминаа; преминал; преминат; преминев, преминеа; преминел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2449
1. Мине, помине од едната на другата страна на нешто.
Англиски: pass Албански: kaloj
Примери:
Ја премина улицата.
Го преминаа мостот.
Преминаа преку граница.
2. Помине од една во друга состојба, околност, место.
Англиски: change Албански: ndërroj
Примери:
Премина од еден автобус во друг.
Премина од восхит во разочарување.
3. Отиде на нечија страна, стане нечиј приврзаник.
Англиски: defect Албански: ndërroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Премина на страната на посилните.
4. Помине нешто во сопственост од еден на друг.
Англиски: pass Албански: kaloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Имотот премина во рацете на синовите.
5. Пристапи кон нешто друго.
Англиски: deal with Албански: kaloj në diçka tjetër
Употреба: Преносно значење
Примери:
Да преминеме на третата точка.
Премина на решавањето на проблемите.
6. Се претвори во нешто друго.
Англиски: turn Албански: kthej
Примери:
Квантитетот премина во квалитет.
7. Пренесе, преведе преку нешто.
Англиски: carry over Албански: mbart
Примери:
Го премина детето преку улица.
Изрази
Премине преку нешто - молкома прифати, толерира нешто.
Премине секоја граница / мерка - претера.
Изведенки
1. преминува несв.
преминуваат
2. преминување ср.
глаг. им.