а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прекипи

прекипат; прекипел
Вид збор: Глагол, свршен
За млеко, кафе - искипи, претече кипејќи.
Англиски: froth over
Примери:
Млекото прекипи од лончето.
Го заборавив кафето и тоа прекипи.
Изрази
Ми (ти, му...) прекипи - изгуби трпение, не може повеќе да издржи.
Изведенки
1. прекипува несв.
прекипуваат
2. прекипување ср.
глаг. им.