а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

предмет

мн. предмети
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 411
1. Конкретна материјална појава во просторот што може да се забележи со помош на сетилата.
Англиски: object Албански: objekt, send, gjë
Примери:
скапоцен предмет
остар предмет
стаклени предмети
стари предмети
2. Тоа што претставува материјал за учење, проучување, анализа.
Англиски: subject Албански: lëndë, temë
Примери:
предмет на истражување
предмет на интерес
3. Тоа што буди, предизвикува интерес, некакви чувства, мисли и сл.
Англиски: thing Албански: temë, objekt
Примери:
предмет на дискусија
предмет на внимание
предмет на потсмев
4. Одделна научна дисциплина, област, гранка од науката како дел од училишната настава.
Англиски: discipline Албански: lëndë, disciplinë
Употреба: Образование
Примери:
образовен предмет
наставни предмети
Омилен предмет ми е географија.
5. Административна, судска постапка; службен акт.
Англиски: act Албански: lëndë, akt
Употреба: Административен термин , Правда
Примери:
Предметот е во процедура.
правни предмети
6. објект
Англиски: object Албански: objekt
Употреба: Граматика