предложи
предложат; предложам; предложил; предложен; (ќе) предложел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1345
1.
Направи, даде предлог.
Примери:
Архитектот предложи ново решение.
Професорот предложи два термина за полагање на испитот.
Тој предложи да одиме на излет.
2.
Понуди некому нешто како предлог.
Примери:
Владата му предложи место на амбасадор.
Тој и предложи брак на девојката.
Слично со:
нуди (несв.)
3.
Истакне, препорача некого за вршење на некаква функција, дејност, за награда и сл.
Примери:
Колегите го предложија за нов претседател на Комисијата.
Го предложиле за пратеник во Собранието.
Слично со:
препорача (св.)
Изведенки
1.
предложува несв.
предложуваат
предложуваат
2.
предложување ср.
глаг. им.
глаг. им.