а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

предложи

предложат; предложам; предложил; предложен; (ќе) предложел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1345
1. Направи, даде предлог.
Англиски: propose Албански: propozoj
Примери:
Архитектот предложи ново решение.
Професорот предложи два термина за полагање на испитот.
Тој предложи да одиме на излет.
2. Понуди некому нешто како предлог.
Англиски: offer Албански: propozoj
Примери:
Владата му предложи место на амбасадор.
Тој и предложи брак на девојката.
3. Истакне, препорача некого за вршење на некаква функција, дејност, за награда и сл.
Англиски: propose Албански: propozoj
Примери:
Колегите го предложија за нов претседател на Комисијата.
Го предложиле за пратеник во Собранието.
Изведенки
1. предложува несв.
предложуваат
2. предложување ср.
глаг. им.