а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прегратка

мн. прегратки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1427
1. прегрнување, гушкање
Англиски: hug Албански: përqafim
Примери:
Мајчина прегратка.
Пријателска прегратка.
Братска прегратка.
Ги рашири рацете за прегратка.
2. (обично во мн.) Простор меѓу градите и рацете раширени за прегрнување.
Англиски: arms Албански: përqafim, duarhapur
Примери:
Влезе селанец со девојче во прегратки.
Заспа во неговите прегратки.
3. (обично во мн.) опасност, неволја
Албански: i përqafuar nga rreziku
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се најде во прегратките на смртта.