а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

потпише

потпишат; потпишам, потпиши, потпишете; потпишав, потпишаа; потпишал; (ќе) потпишев, (ќе) потпишеа; (ќе) потпишел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2930
1. Стави свој потпис под документ, изјава, договор земајќи некаква обврска, одговорност.
Англиски: sign Албански: nënshkruaj, firmos
Примери:
Тој го потпиша договорот.
Татко му ја потпишал меницата како прв жирант.
Двете страни потпишаа примирје.
2. (се потпише) Стави свој потпис.
Англиски: sign Албански: firmos
Примери:
Таа се потпиша на извештајот.
Тој одби да се потпише на записникот.
Изведенки
1. потпишува несв.
(се) потпишуваат
2. потпишување ср.
потпишувањето
Пример: Потпишувањето на Рамковниот договор.