а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

потен

потни
Вид збор: Придавка
Ранг: 10955
1. Што е облеан со пот по кожата.
Англиски: sweaty
Примери:
Тој влезе во собата сиот задишан и потен.
Го извади марамчето и си го избриша потното чело.
2. Што е натопен со пот.
Англиски: sweaty
Примери:
Мајката му ја преслече потната маица на детето.
3. Што е оросен со капки слични на пот.
Англиски: sweaty
Употреба: Ретко
Примери:
Потните прозори беа замаглени.
Изрази
(анат.) Потни жлезди - жлезди што лачат пот.
Потен ручек е секогаш поблаг - што е стекнат, спечален со пот, со работа.